1. Неодамна Grant Thornton објави интернационален извештај за нивото на оптимизам во бизнисите низ светот. Што може да очекуваме во Македонија?
Акутната фаза на финансиската криза помина, а во тек е слабо глобално економско закрепнување. Идните можности се уште се опкружени со несигурност. Доколку приватниот сектор продолжи да штеди со цел да ги обнови билансите на состојба, можна е повторна рецесија, која ќе се карактеризира со понатамошно успорување на растот во 2011 година - особено со опаѓањето на влијанието на раст на фискалниот стимул. Исто така, доколку се постави масивниот традиционален и не-традиционален монетарен стимул можно е и посилно закрепнување.
2. Зошто една компанија би требало да направи ревизорски извештај? Кои се предностите од него?
Финансиското известување претставува клучен елемент потребен за ефикасно функционирање на системот на корпоративно управување. Сметководителите и ревизорите пред се претставуваат даватели на информации до релевантните заинтересирани страни. Може да се добијат бројни користи со вршење ревизија на финансиските извештаи - дури и доколку нема барања од трети страни. Добрите ревизори се запознаваат со деловното работење и операциите на друштвото и даваат вредни совети кои може да доведат до порентабилни начини на работење. Користејќи го знаењето стекнато во ревизоркиот процес, ревизорот може на раководството да му предложи начини на подобрување на внатрешните контроли со цел да се обезбеди точно известување и заштита од измамнички активности. Потреба од ревидирани финансиски извештаи имаат акционерите, но и даночните власти, банките, регулаторите, инвеститорите или потенцијалните инвеститори, набавувачите, клиентите и вработените лица, и сите сакаат да се осигурат дека финансиските извештаи се точни.
3. Македонската канцеларија е одговорна и за канцеларијата во Косово, а отворате канцеларија и во Албанија. Дали Grant Thornton Македонија како фирма која нуди сметкодствени, даночни и деловно консултантски услуги може уште повеќе да се развива?
Нашата амбиција беше да работиме на пазарите и надвор од границите на Македонија. Поради тоа, од почетокот на основањето на нашата фирма, ние почнавме да ги нудиме нашите услуги ширум регионот.
Во почетокот, нашите услуги ги нудевме директно од канцеларијата во Скопје, а денеска имаме голем обем на активности во Косово, Србија, Црна Гора и Албанија. Преку успешно спроведени задачи на Балканот, ние демонстриравме способност за работа во регионот, испорачувајќи и додавајќи вредност на Влади, Агенции, друштва во приватна и јавна сопственост. Канцеларијата во Косово беше основана во Приштина во 2005 година, а денес истата е водач на пазарот. Бидејќи Албанија е наш главен целен пазар, минатата година ние основавме друштво во Тирана и канцеларијата ќе биде целосно оперативна во втората половина од годината.
Секоја година постигнуваме двоцифрен раст и моментално имаме видна база од повеќе од 130 клиенти во регионот. Слободно можеме да кажеме дека околу 50% од нашиот приход се генерира од деловното работење кое го вршиме надвор од границите на Македонија.
Нашиот оддел за специјализирани деловно-советодавни услуги е познат по тоа што е водечкиот “leading deal maker” на Балканот и е специјализиран за задачи на дијагностичка анализа во врска со аквизации и приватизација, реструктурирања, советодавна работа во ситуации и флуктуации на јавни и приватни друштва. Во последната декада, имаме работено на повеќе од 70 трансакции со вредност од 1,5 милијарди USD во Македонија, што претставува 60% од сите дојдовни инвестиции во земјата.
4. Една од услугите кои ги нудите е контрола на реструктуирања и реорганизации, оперативни и финансиски, во компаниите и финансиските институции. Колку вашите предлози придонесуваат кон зголемување на ефикасноста во работењето?
Тимот за санација и реорганизацја на Grant Thornton е посветен на зачувување на вредноста во бизнисите. Тој е одлучен да пронајде и испорача оптимални комерцијални, стратешки и финансиски решенија за деловните проблеми по пат на брзо посветување на специјални професионални ресурси. Развојот на нашите клиенти е потврда дека даваме вистински предлози, а интересот за нашите услуги не охрабрува уште повеќе за работа.
5. Кои по Вас сектори се интересни за инвестирање во Македонија, независно дали станува збор за странски или домашни инвестиции?
Република Македонија има голем број на деловни предности кои треба да се презентираат пред домашните и странските инвеститори. Голем број од нив не се свесни за можности кои може да се најдат во Македонија.
Земјоделството и прехрамбената индустрија се индустриите врз кои македонците треба да се фокусираат во иднина. Понатаму, нашите природни ресурси, металната индустрија, текстилната, ИТ, финансиската индустрија, како индустрии со голема работна сила, треба да се сметаат за најверојатни потенцијални основни бизниси за македонците. Исто така може да бидат интересни и различните услуги но, според моето мислење, ние не инвестираме доволно во градење на капацитети за домашна работна сила, специјализирани во различни полиња.
На денешните конкурентни деловни пазари секоја земја има проблем да го најде своето место и да стане попривлечна од другите. Владата е онаа која треба да креира поконкурентна и сигурна средина за претстојните бизниси.